БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за фер и демократски избори од кандидатите за градоначалници во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во насока на одржување фер и демократски локални избори ОИК Делчево иницираше состанок со кандидатите за градоначалник од Делчево и носителите на листата за советници во ПС Делчево, претставниците на МВР, командир на ПС Делчево, Јавниот обвинител во ОЈО Делчево, раководителот на инспекциски надзор при општина Делчево. На состанокот претседателот на ОИК Владимир Петровски ги запозна кандидатите за значењето на претстојните избори, законските прописи за нарушување на јавниот ред и мир и законските одредби од Кривичниот законик поврзани со изборите како и со Законот за јавна чистота член број 14. Кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО ДПМНЕ Иван Соколов и од редовите на СДСМ Горан Трајковски, ветија фер и демократски избори.

Инаку Кодексот за фер и демократски избори согласно со Изборниот законик, кандидатите за градоначалници во Општина Делчево ќе потпишат в недела 24 септември во 12 часот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace