БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Елвис Бајрам со видливи повреди на главата го праша народот: Вака ли доаѓа животот што го ветува СДСМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Најпрво сакам да ги повикам нашите роми кои што живеат во општина Шуто Оризари да сфатат дека наспроти паролата на СДСМ  „живот доаѓа во Македонија“, животот не е дојден.  Јас сакам да ги прашам сите дали животот доаѓа со вакви последици како што ми се случија на мене?  Дали животот е тоа што треба да ме тепа и удира некој од нивна страна? Прашува кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари Елвис Бајрам.

-Заради ова мислам дека сите на 15 октомври ќе ги казниме и ќе излеземе на гласање уште во првиот круг и да нема втор круг о Шуто Оризари. Верувајте дека мојата здравствена ситуација не ми добра воопшто, но дојдов пред вас да ве замолам сите да водите сметка понатаму што ќе се случи доколку другите дојдат на власт, тогаш вашите деца, вашите фамилии ќе се плашат и ќе ги истепаат како што ме истепаа и мене. Ова ви го кажувам од сето срце и душа и уште еднаш ве повикувам на 15 октомври да излезете да гласате за бројот 18 и за мене, а воедно и да гласате за градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, истакна Бајрам.

Тој вели дека СДСМ ги бркаат нивните деца од работа, им прават притисоци и им прават проблеми и ги уценуваат да се сликаат по нивни штабови.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Ромскиот народ никогаш не сака да има војна, тој го сака својот народ , а го сака и ВМРО-ДПМНЕ кое има направено многу за овој народ. Ајде да се навратиме наназад, дали СДСМ имаат нешто направено за Шуто Оризари?, немаат, ама затоа морам да ги споменам изградбата на средното училиште во времето на ВМРО-ДПМНЕ, основното училиште доби и доградба од две нови училници, проблемот со водата во Шутка е решено за секогаш и сето тоа е направено во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Курир

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace