Посветеноста во моето работење, секојдневното ангажирање но и грижата за сите граѓани во нашиот град е мој апсолутен приоритет и всушност идеите на граѓаните ги реализирав во претходните четири години, вели кандидатот за градоначалник за Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев
Вашите предлози беа мои проекти и тие ги гледате насекаде на улица, во секоја населба, покрај секоја зграда во целиот град, едни од најважните приоритети во моето работење во иднина ќе биде во делот на наталитетот. Општината ќе стимулира да се раѓаат деца во Штип, а тоа ќе го правиме на тој начин што ќе даваме околу 6 илјади денари за секое новородено дете. Всушност тоа го работев и во претходните четири години, но помошта беше упатена само кон социјалните семејства и ранливите групи. Бидејќи во нашиот град се раѓаат некаде околу 500 деца секоја година, сите мајки ќе добијат еднократна поддршка од 6 илјади денари, потенцираше Захариев.
Извор:Курир

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија