Од денес повеќе институции добија нови директори.
Нов директор доби и ЈП Стипион. На местото на Игно Иванов, е поставен Сашко Протогеров, вработен во истото претпријатие долги години.
Нови директори добија и некои образовни институции. Нов директор во ООУ Гоце Делчев е Трајче Димов. Во ООУ Ванчо Прќе за в.д директор е именуван Методи Папаров. Во средното текстилно училиште нов директор е Дејан Доневски а во средното медицинско училиште за нов директор се подготвува Дејан Павлов. Нов директор доби и детската градинка Астибо каде на функцијата в.д директор доаѓа Билјана Трајчевска.
Новите директори се очекува на функција да стапат во следните неколку денови

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи