Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својата фејсбук страна објави графички приказ на сите финансиски трошоци кои што Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев ги исплаќа на име хонорари за советници.
Од графичкиот приказ што го објави Милошоски се гледа дека вкупната сума која се одвојува од Буџетот на Владата на Р. Македонија за кој што плаќаат сите граѓани изнесува 604.800,00 евра за сите советници кои што Заев ги има ангажирано во владините институции.
Од тие 237.600,00 евра се за плати на ангажираните советници а остатокот од 354.400,00 евра се за просечни патни трошоци.

Добрата работа е што ове е списокот на сите советници минус еден (Командант Хоџа) кој откако беше вработен во владата од страна на Зоран Заев веднаш си даде оставка од функцијата. Така што оваа сума ќе се намали незначително во однос на погоре изнесената бројка.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија