Во организација на прилепскиот клуб „Скај рајдерс“, во недела на мотокрос патеката во Лагово во близина на Прилеп ќе се одржи годинешното Отворено државно првенство на Македонија, „Сторм рајдерс“, со почетокот од 10.30 часот,
Златко Спиркоски кој е организатор на мото трката, изјавил дека се пријавени 30 –ина учесници од Македонија, Бугарија, Србија, а најавени се и гости од Грција. Трката ќе се одржи во четири категории: МX1,MX2, MX3 и OPEN класа.
Очекуваме трката да трае до 14 часот. На најдобрите учесници ќе им бидат врачени награди и признанија. Патеката кај Лагово е најнова во однос на другите во државата, но морам да истакнам дека е изградена според стандардите, затоа и интересот на учесниците е голем
-вели Спиркоски.
Оваа трка ја поддржува општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија