Соопштението го пренесуваме во целост:
Вчера, за нас, ништо ново, но за многу наши браќа и сестри, прв контакт со агресијата на полицијата. Со години ви зборувавме дека не третираат како граѓани од втор ред, бидејќи се деклариравме како родољуби(се однесува на дел од групите, останатите се партиски измети).Да ве потсетиме, ние не ви го посакувавме, “да ви се деси Куманово”, како некои други, туку напротив, сочувствувавме со вас, бидејќи Македонија изгуби синови, во борба против терористи! Не заборавајте, тргате кон народот кој сака да се избори за достоинство, за подобар живот на сите, за нашите идни генерации да се чувствуваат горди. Ако сакате да бидете запишани во историјата, како гробари на Македонија, слободно продолжете, но ќе се соочите со народот не само на улица, туку и во приватниот живот.
Коските ни кршат и крвта ни пијат,а ние смели сме, гордо умираме, не се предаваме!!!
П.С: драги наши партии или ќе излезете со народот на улица или ќе изгорите во заборавот!!!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија