БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од цела Македонија се слеваат коњаници кон Крушево, Мицкоски ја испрати коњицата од Охрид

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Традиционалниот Илинденски коњички марш и оваа година и покрај сите опструкции од повеќе страни се реализира според предвидената динамика.

Групи на коњаници својот традиционален поход го започнаа од Кичево, Охрид и од Горно Лисиче.

Млади и возрасни коњаници од сите генерации земаат учество во оваа традиционална манифестација со која се укажува почит кон споменот на востаниците кои 1903 година го кренаа Илинденското востание кое ќе биде пресуден момент во борбата на Македонскиот народ за слобода и подоцна и создавање на независна Македонска држава.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со пригодни свечености во црквата во Горно Лисиче вчера беа испратени коњаниците на својата долга коњичка маршрута од огромен број на присутни граѓани како и од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

Свеченоста започна во црквата во Горно Лисиче Црква “Св. Петар и Павле”  каде со свештени лица од МПЦ беше благослевена манифестацијата.

Претседателот Иванов се обрати на свеченоста и го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.

 

 

За првпат оваа година како дел од коњичкиот марш од Горно Лисиче се и две девојки.

Кичевската коњица позната по името „Манастир Пресвета Богородица-Пречиста“ и оваа година  по четврти пат ќе биде дел од Илинденските празнувања на најголемиот Македонски празник во Крушево на Мечкин Камен за 2-ри Август. Единаесет коњаници го започнаа својот марш од Кичево, Демир Хисар и Крушево маршот во петокот утрото од манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста“ каде претходно и ноќеваа. Во текот на својот пат тие ќе го посетат и родното село на Јордан Пиперката-Козица, ќе поминат кај Манастирот „Свети Илија“ на Илинска Планина, во славното Смилево, историското Прибилци и патот ќе го заврши на Мечки Камен во легендарното Крушево.

Денеска попладне во Охрид исто така тргна Охридската коњаница. На почетокот на самата манифестација присуствуваше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој упати порака дека

Традицијата е она што не обележува, разликува, обединува. А кога Македонија е во прашање, тогаш таа е непресушен, силен и бескраен извор. Се додека има верни чувари на традицијата, Македонија ќе биде горда и стаменита, се додека има млади луѓе кои ја почитуваат, Македонија е жива, тој пркосен сон на многу срца денес оптоварен со силни предизвици и турбулентни времиња.

 

На коњаниците од Горно Лисиче денеска им се случи немил настан. Имено Градоначалникот на Велес Аце Коцевски им забрани на коњабиците оваа вечер да ноќеваат во градскиот парк во велес, нешто што го правеа со години наназад.

Од страна на водачите на коњаницата порачаа дека и покрај ваквите опструкции коњаницата ќе продолжи со својата мисија и со својот марш.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace