Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на фејсбук објави видео во кое се гледа како полициски сили го легитимираат и го претресуваат неговото возило, при што припадниците кои го вршеа претресот кажуваа дека “не е до нив” и дека “така им е наредено”.
Ова е статусот на Игор Јанушев, заедно со видеото во продолжение:
Барате докази за полициска опсада, еве ги, и не сум само јас туку и десетици други луѓе.
Сакате да не исплашите, со евидентна полициска опсада сакате да отстапиме, но треба да знаете дека љубовта кон Македонија не може да се скрши.
Ние сме навикнати да се истураат врз нас неправди и притисоци затоа што тоа е во нашиот македонски ген и тоа не не плаши, туку не прави појаки, поодлучни во борбата за вистината и нашата земја.
Брзо ќе светне силно денот кога поради вашиот срам ќе се каете, неправдата ќе се соочи со правда, а Македонија ќе победи!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!