Најмладата лауреатка на Нобеловата награда во Светот Малала Јусувзаи, вечерта на доделувањето на овогодинешните Оскари беше ставена во шокантно непријатна ситуација.
Водителот Џими Кимел откако ја претстави и се заблагодари за документарниот филм чиј што продуцент е токму Малала а кој што беше номиниран за Оскар ја запраша Малала за непријатниот гест кој што беше експлоатиран од медиумите во шоу бизнисот :
” Дали Хари Стајлс го плукна Крис Пајн” н што нобеловката Малала одговори “Јас зборувам само за мир”.
Малала e меѓународен симбол на отпорот на талибанските настојувања да им се скратат образованието и другите права на жените во Авганистан. Во 2012 година, талибанците се обиделе да извршат атентат врз ова девојче, бидејќи храбро им се спротивставила ним и на нивните намери да им го забранат образованието на жените. Таа го преживеала куршумот кој го испукал маскиран талибанец за да ја казни затоа што го критикувала талибанскиот режим кој им го забранувал образованието на жените.
На церемонијата на доделувањето на 95-те Оскари Малала беше присутна како продуцент на филмот “Туѓинец пред порта” кој што беше номиниран во категоријата краток документарен филм.
На свеченоста Малала носеше фустан дизајниран од Ралф Лорен кој што според Малала симболизира љубов, мир, хармонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нова авторска песна на Игор Јагуриноски: “Блуз во душата”
Најава за музички спектакл: Бојана подготвена за дружба со тетовската публика на настан кој долго се очекуваше
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“