БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За првпат во историјата на Македонија нивото на странски инвестиции оваа година ќе надмине 1 милијарда евра

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Премиерот на Република МАкедонија Христијан Мицкоски со јавноста сподели една особено важна вест која што го карактеризира фокусот и посветеноста на актуелната влада на сферата на економскиот развој.

Станува збор за ниво на странски директни инвестиции од над 1 милијарда евра за тековната 2024 година, со што е постигнат историски успех како за државата и институциите така и за граѓаните.

“Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

📈 Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во изминативе дваесет години.

Мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани.

✅️ Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда!

Заедно за работа која носи дела!”

-напиша на социјалните мрежи Премиерот Христијан Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот