БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Реорганизација на мрежата на училишта како основен предуслов за поквалитетно спроведување на образовниот процес

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерката за образование и наука во Владата на Република Македонија Весна Јаневска денеска на средба со повеќе градоначалници, претставници на локалните самоуправи во регионот како и претставници на УНИЦЕФ во Штип одржа регионален состанок во врска со подготовка на планови за оптимизација на мрежата на основни училишта во општините во соработка со Министерството за образование и UNICEF.

На средбата се разговарани аргументите за и против потребата од реорганизација на училишната мрежа со цел за постигање на порационално спроведување на образовниот процес во интерес на подобро образование на децата и оптимализација на материјалните ресурси.

“✅Спроведуваме оптимизација на училишната мрежа, за поквалитетен воспитно – образовен процес за секое дете!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

ℹ️Сакам да информирам дека нови 23 општини се вклучуваат во процесот на оптимизација на училишната мрежа, кој треба да обезбеди поквалитетно образование за сите ученици.

Со раководствата на дел од овие општини, денеска дискутиравме за тоа што ќе треба да направат и тие како локални самоуправи и МОН како креатор на генералните политики, за процесот да биде успешен. Започнува изработката на планови за оптимизација на локално ниво.

👉Процесот е неопходен. Според анализа на УНИЦЕФ, организација од која добиваме значителна поддршка, 88% од вкупниот број на ученици во Македонија учат во 353 централни училишта, а 12% учат во дури 518 подрачни објекти. Мрежата мора да се реорганизира и тоа ќе овозможи рационално искористување на расположливите материјални и човечки ресурси.

🤝Драго ми е што општините ги разбираат целите на процесот и го прифаќаат, што значи дека полесно ќе го спроведеме и заедно ќе овозможиме поквалитетно образование.”

-напиша на социјалните мрежи Министерката за образование и наука Весна Јанева.

Креирано од:


Пренеси го гласот