БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Плачење” со политички сретства додека поднесува оставка од Претседател на Судски совет

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева денеска на прес конференција на која беа поканети медиумите со многу драматизација и засилена дикција соопшти дека поднесува оставка од функцијата на која беше назначена во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ.

Но очигледно оваа информација не беше доволна па влегувајки во политички води на прес конференцијата почна да изнесува политички флоскули и нејзини напади кон политичари. Коментирајки постапки и изјави на премиерот Христијан Мицкоски и други политичари, таа се обиде да го обвини за нејзината оставка, не спомнувајки ниту еден аргумент во врска со нејзината работа.

Причините за нејзината оставка Дамева ги пронаѓа во изјавите на политичари од власта кои според неа се обидувале да го нарушат нејзиниот углед.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет со кој јас раководам има некакви кланови и се фалсификуваат записници. Воедно, во неколку наврати, тој, како и политичари од сегашната власт, се обраќаa со негативни ставови за членови на Судскиот совет, нивна поврзаност со политичари од претходната власт и сето тоа во насока да се претстави во јавноста дека јас или, пак, членовите на Советот не ја извршуваме функцијата професионално, стручно, совесно и одговорно, а Судскиот совет заедно со Советот на јавни обвинители беа посочени како тела кои треба да бидат распуштени“, рече Дамева во своето обраќање пред јавноста

Притоа таа соопшти дека останува да биде член на Советот доколку, како што додаде, и тоа не ѝ биде скратено предвреме што во голема мера звучи како политичка патетика.

Перцепцијата на граѓаните на Македонија во однос на довербата кон судско-обвинителските власти што претставуваат трет столб на власт во државата е на ниво на статистичка грешка со доверба помала од 2 проценти. Судскиот Совет со кој што претседателствуваше Весна Дамева е една од клучните алки на функционирањето на судската власт во чија работа е содржана и одговорноста на судиите за нивната (не)работа, што апсолутно допринесува кон овој негативен впечаток на граѓаните од работата на судиите.

„Сметам дека единствено нешто што ми останува е да го зачувам мојот личен интегритет и мирот и спокојството и мое и на моето семејство, поради што поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет со кој јас раководам има некакви кланови и се фалсификуваат записници. Воедно, во неколку наврати, тој, како и политичари од сегашната власт, се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот совет, нивна поврзаност со политичари од претходната власт и сето тоа во насока да се претстави во јавноста дека јас или пак членовите на Советот не ја извршуваме функцијата професионално, стручно, совесно и одговорно. А Судскиот совет заедно со Советот на јавни обвинители беа посочени како тела кои треба да бидат распуштени. Дури во телевизиско гостување истакна дека на нашето место, на местото на постојните членови на Советите треба да дојдат нивни луѓе. Претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владејачката политичка партија“,

-рече Дамева на нејзината прес конференција.

Во изминатиот период додека седеше на најзначајната фотелја во Судскиот совет Весна Дамева ја брануваше јавноста со нејзиниот поранешен партиски бекграунд во СДСМ за кој што во јавноста сведочеа фотографии од состаноци и собиранки на правната комисија на СДСМ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace