Македонија ги живее своите блескави моменти на полето на надворешната политика. Стратешкото партнерство на државата со САД актуелната власт во Македонија го користат на најдобар можен начин.
Денеска Претседателот на Македонската влада Христијан Мицкоски имаше плодотворна средба со Ричард Гренел кој што е еден од најмоќните поединци во актиелната администрација на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп.
Со Гренел Мицкоски разговарал за повеќе суштински прашања од интерес на националните интереси на Македонија во меѓународните односи, пред се за стратешките цели за остварување на членството на Македонија во ЕУ.
“Имав средба со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, а сега во новата администрација нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија.
Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план.
Се бориме за секој интерес на Македонија!”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали се сретна со претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ и потпретседателот Абдуш Демири
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните