Во текот на целата револуционерна борба за слобода на Македонскиот народ, постојано биле присутни пропагандите за асимилација, негирање, уништување и омаловажување на постоењето на Македонската нација.
И ден денес ваквите пропаганди се присутни во одредени медиуми во Македонија но и на социјалните мрежи каде што пенетрацијата на странските пропаганди е исто така присутна.
Во контекст на бугарските уцени и блокади на патот на евроинтегративниот процес на Македонската држава, бугарската пропаганта се обидува да се наметне себеси на социјалните мрежи во Македонскиот простор за комуникација со лиферување на манипулации, делумни вистини и тотални невистини како продолжение на вековниот сон на поединци во Бугарија да го уништат Македонското постоење и идентитет.
Ваквите обиди за ширење на бугарска пропаганда како меур од сапуница се распрснуваат кога се соочени со вистината од страна на Македонските медиуми, интернет портали и поединци на социјалните мрежи, но сепак тоа не ги обесхрабрува поединци во бугарсккото општество да инвестираат време и пари во ширење на нивната пропаганда.
Македонија е вистина која постоела и ќе постои, без разлика на обидите на сите оние кои сакаат да го избришат Македонскиот идентитет.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст