За да на Македонија и огрее сонце на бандитите и криминалците треба да им се стемни. А денешново утро на повеќе криминалци маскирани со униформи на службени лица низ Скопје сериозно им се стемни и покрај ведрото утро.
Екипи на МВР од утринава низ Скопје спроведуваат акција за лишување од слобода на поранешни и актуелно вработени во затворите за кои што постои основано сомнение дека биле дел од организирана криминална мрежа кои работеле спротивно на законите и своите овластувања. Од наши извори Брегалнички Портал неофицијално дознава дека меѓу другите станува збор за постапување на полицијата по пријава против Филип Андов Сокол- Директор на КПУ Затвор Скопје и втора пријава против неговиот заповедник Сашко Крстевски Ѕверот
Лицата опфатени со оваа акција се сомничат по основ на член 353- Злоупотреба на службена положба и овластување, Член 372- овозможување бегство на лице лишено од слобода, Член 373- противзаконско ослободување на лице лишено од слобода и член 22- Соизвршителство.
Андов Сокол пред да биде именуван за директор на затворот во Шутка во 2020 година му беше советник на тогашниот премиер Зоран Заев за креирање политики кои се од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово