БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Посета на заменик министерот за внатрешни работи Исени на СВР Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Скопје. На средбата беа разгледувани актуелните состојби во најголемиот сектор за внатрешни работи, предизвиците со кои се соочуваат како недостаток на кадар и можностите на решавање на истите.  
„И покрај предизвиците со кои се соочува СВР Скопје констатиравме дека безбедноста во градот  е добра и сите капацитети на СВР Скопје се во функција да се обезбеди сигурноста на граѓаните. Воедно, изразив  убедување дека СВР Скопје со крајна професионалност  ќе продолжи со истата динамика на работа, расчистување на кривичните дела и обезбедување на јавниот ред и мир  и стабилноста во градот Скопје во интерес на граѓаните на Република Македонија.“, потенцираше заменик министерот Исени.

Оваа средба е дел од низата средби кои ќе бидат направени во секторите за внатрешни работи za запознавање со состојбите во сите сектори и организациски единици на МВР.

Извор: МВР

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот