Заменик директот на ЈП „Македонија пат“ Сашо Дранго, кој пред два месеци се сликаше со застрелана мечка и оружје во рака, е разрешен од функцијата. На негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.
На 2 јануари,невладината организација за заштита на животните „Анима мунди“ објави фотографија на која Дранго позира со убиена мечка. На фотографијата, за која се смета дека е од декември 2024 година, Дранго носи пушка со снајперски нишан, поради што од здружението обвинија дека тој ја застрелал мечката, класифицирана како дивеч под заштита.
По ова, Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет.
Веста за смената на Дранго ја објави Шуковски соопштувајќи за новото работно место.
“Денес е мојот прв работен ден на позицијата, в.д. заменик генерален директор на јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија Пат). Голема благодарност до претседателот на Владата, г-дин. проф.д-р Христијан Мицкоски, членовите на Владата и членовите на Управниот одбор на институцијата за дадената доверба. Дадената доверба е голема обврска, но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена,”
-напиша новиот заменик директор на Македонија Пат Шуковски на својот Фејсбук профил.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!