Според неофицијални информации до кои дојде нашиот портал дискотеката на смртта во Кочани во која животот го загубија над 59 лица а над 150 лица се повредени, работела со фалсификувана лиценца издадена од страна на Министерството за економија на чија челна позиција беше Министерот Крешник Бектеши од ДУИ.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој е во постојана комуникација со јавноста на прес конференција соопшти дека полицијата работи на спроведување и обезбедување на сите процесни дејствија за изнесување на лицето на правдата на сите кои се поврзани со најголемата катастрофа со која се има соочено нашата држава.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во Скопје ќе се одржи првиот Филозофски фестивал за средношколци во Македонија
Кривична пријава за затворски полицаец, затекнат е при продажба на дрога додека бил на работа
Уметноста на Марина Убавкова пред делчевската публика: Движењето во просторот како база за интерактивен комплот на артистот, галеријата, публиката и општествената манифестација на реалноста