Професорот на Филозовскиот факултет во Скопје Љубомир Цуцуловски преку своја аналогија прецизно ги идентификува обидите за манипулација на застапниците на промената на уставното име на Република Македонија дека овој срамен и невиден чин “не претставува преседан”
Прочитајте го во целост целиот текст на Професорот Цуцуловски:
БЕСРАМНИЦИ. Застапниците на името Северна Република Македонија потсетуваат дека ваквото именување не претставува преседан, што е, во основа, точно, но со „мали“ отстапки. Денес, на пример, постојат Јужна и Северна Кореја, макар што официјалното име на Северна Кореја е Демократска Народна Република Кореја, додека на Јужна Кореја е Република Кореја. Но, барем засега, да ги оставиме на страна овие „дребулии.“ Исто така, покрај Република Ирска (главен град Даблин) постои и Северна Ирска (главен град Белфаст), која, за волја на вистината, не е република/држава, туку само регион/провинција во рамките на Обединетото Кралство. Да ја оставиме и оваа „дребулија“ настрана, бидејќи она што, помеѓу другото, битно ги разликува овие случаи во однос на Република Македонија е што Република Македонија беше п р и н у д е н а (всушност, уцената!) да го смени името со важење erga omnes, нешто што, колку што ми е познато, претставува преседан. Но, овој момент се премолчува и во тоа е бесрамноста на овие обезличени суштества, кои наместо засрамено да молчат, гордо се перчат. Она од што чесниот се срами, со тоа нечесниот се гордее.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week