Денеска (25.04.2025) полициски службеници го лишија од слобода Ј.О. (34) од Скопје затоа што околу 11.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски таблици, удрил во 10-годишно девојче. Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против Ј.О. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Лишен од слобода мотоциклист кој удри малолетничка во Скопје

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово