Со одлука на Државната Комисија за спречување на корупцијата издадена на 13.06.2019 година СЕ ПОТВРДЕНИ сомнежите за неправилности и корупција при вработување во општина Делчево на лице кое што било партиски активист и близок роднина на градоначалникот.
Во суштинскиот дел на наодите на ДКСК во документот издаден од страна на овој државен орган кој што е најрелевантен за борбата против корупцијата во државата се вели дека станува збор за лице кое што во време на засновување на работниот однос во општината имало навршено 64 години и 6 месеци.
Во образложението на овој документ кој што е од јавен интерес ДКСК обзнанува дека овој предмет во 2019 година бил оформен по пријава од страна на познат подносител кој укажал на сомнежите за незаконите и коруптивни дејствија од страна на градоначалникот на општината кој донел решение за вработување на посоченото лице.
Во Одлуката на ДКСК се наведени повеќе заклучоци кои што се однесуваат на утврдување на одговорноста за донесената одлука од страна на градоначалникот.
Јавноста во Делчево со овој случај не е детално запознаена за што како интернет портал имаме обврска да информираме и да упатиме јавно прашања до надлежните институции (надлежни инспекторати и Јавно Обвинителство):
-Дали е разрешен овој предмет за утврдување на целосна одговорност од страна на надлежните институции во државата?
-Дали е утврдена одговорност на одговорното лице во општина Делчево (Градоначалникот) и кои законски мерки за санкција се превземени?
Поради јавен интерес во продолжение ја објавуваме Одлуката на ДКСК која се однесува за овој предмет во нејзина интегрална форма:






СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание