БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание

Архивска фотографија од одбележување на 137 годишнината од Разловечкото востание во 2013 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на настаните кои што се дел од манифестацијата за одбележување на 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание во 1876 година во село Разловци, Општина Делчево организира голем планинарски марш “По врвиците на востаниците”.

Маршот кој што општина Делчево го организира во соработка со ПСК “Голак” Делчево и со учество на припадници од пешадискиот состав на АРМ и припадници на МВР од ПС Делчево е со рекреативен симболичен карактер и е отворен за учество и за сите планинарски друштва и клубови како и поединци на граѓани.

Водачите на овој планинарски марш имаат за цел да донесат реплика од знамето на Разловечкото востание како симбол за почеток на востанието на сличен начин како што Димитар Поп Георгиев Беровски го донел оригиналното знаме од Солун во предвечерието на востанието во 1876 година. На свечен чин од страна на учесниците на маршот знамето ќе биде предадено во рацете на градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски во присуство на Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски и Министерот за култура и туризам Зоран Љутков како и останатите официјални делегации кои што ќе присуствуваат на централниот настан на 19 мај во центарот на селото Разловци пред новореконструраниот Спомен дом на Разловечкото востание.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Општина Делчево објави свој повик за сите заинтересирани планинарски друштва и граѓани да земат учество на овој значаен настан кој што ќе се реализира на највисоко државно ниво со сите заслужени почести на самиот чин на востанието кое е еден од најзначајните темели на Македонската државност и слобода.

“Во чест на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание, Општина Делчево го организира традиционалниот планинарски марш „По врвиците на востаниците“.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани планинарски друштва, поединци и љубители на планинарењето и на природата, како и претставници од институциите да земат учество на традиционалниот планинарски марш со што ќе поминат една од планинарските маршрути кои ја поминувале разловечките востаници промовирајќи ја идејата за слобода.

Планираната маршрута на планинарскиот марш е со релација од с. Тработивиште- брана Лошана– с. Разловци и е во должина од 10 км и се цени како лесно рекреативна патека.

Според планираната програма, зборното место за планинарите е паркингот на Спомен-домот АСНОМ во 7 часот на 19 мај од каде ќе биде организиран превоз до с. Тработивиште.

Сите заинтересирани, учеството на маршот треба да го пријават најдоцна до 15.05.2026 кај координаторот на маршот Љупчо Чучуковски (ПСК „Голак“ Делчево). Телефон за контакт 070605137.”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Општина Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace