БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ:Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ со соопштение упатено до јавноста го коментираат денешниот прес на претсдателот на СДСМ Венко Филипче.

“Прес-конференцијата на Филипче не претставува ништо повеќе од очаен политички настап на човек кој веќе е свесен дека ја губи поддршката и незапирливо тоне.

Филипче денес не ја напаѓа содржината на предложените законски решенија затоа што знае дека тие се издржани и во интерес на државата, туку се обидува да создаде вештачка политичка драма околу укинувањето на т.н. техничка влада.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денес, кога институциите се стабилизираат и се враќа нормалниот демократски поредок, СДС панично се обидува да го задржи механизмот што им служеше како политички штит.

Оваа реакција на Филипче е класичен пример на политичка дезориентација затоа што од една страна се повикува на демократија, а од друга страна се противи на враќање на нормалноста во функционирањето на државата. Тоа е страв од изборен пораз кој Филипче денес јавно го признава.

ВМРО-ДПМНЕ јасно знае што прави. Предложените законски решенија се дел од поширока визија за стабилна, функционална и одговорна држава, ослободена од модели и политички компромиси што ја деградираа државата институционално. Нашата политика не се темели на дневнополитички калкулации, туку на долгорочни системски решенија.

За разлика од Венко, кој живее во наратив на лаги и измислувања, ВМРО-ДПМНЕ работи со јасна стратегија, со конкретни цели и со одговорност кон граѓаните. Овие реформи ќе бидат реализирани не затоа што некој тоа го сака политички, туку затоа што државата тоа го заслужува.”

-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ упатено во јавноста денеска.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace