Длабоко сочувствувам со болката на родителите кои денеска се пред Собрание.
Собранието денес расправа за интерпелација на министерот кој вложува огромни напори во расветлување на трагедијата во Кочани, инаку Собранието како институција нема надлежност во рамките на истрагата, тоа е работа на надлежните истражни и обвинителски органи, кои веќе постапуваат.
Јавноста мора да знае, дека многу е важна институционалната одбрана од оние кои неосновано напаѓаат, во желба за политички профит, нема правда ако таа се обои со политичка злоупотреба, болка на родителите повеќе од се заслужува почит, а не политичка манипулација,
Сведоци сме на политички напади координирани од оние кои со години ја држат државата како заложник, од оние кои склучуваат тендери во четири очи, кои нарачуваа пресуди, кои “лечеа” во бараки со физиолошки раствори, и кои ги полнеа институциите со неписмени партиски кадри. Правдата не се гради со омаловажувања на нарачани политички мети.
Ова што се случува денес, по несреќата, е борба помеѓу тие што ја сакаат Македонија како земја на закон и ред, и тие што ја сакаат како плен за нивните амбиции.
Граѓаните на Кочани и цела Македонија заслужуваат безбедност изградена на одговорност и професионалност, а не на партиски калкулации.
Лично, останувам достапен за секоја средба, разговор и поддршка што е во моја моќ — на соодветно место, на начин што ќе биде соодветен и на институционалните надлежности и со полно почитување на болката на семејствата.
Како пратеник, ќе сторам сè што е во моја моќ да ја заштитам правдата и достоинството на секој граѓанин, без оглед на политичките игри што се водат на грбот на оние кои најмногу страдаат.
-интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на пратеникот Миле Лефков.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј
Министерството за здравство ја започна постапката за донесување на нова Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026–2030