БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот Тошковски присуствуваше на Свечена академија во МАНУ по повод денот на кодификацијата на МАкедонскиот јазик

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи во Македонската влада Панече Тошковски денеска присуствуваше на свечената академија која денес се одржа во МАНУ по повод одбележувањето на 80 годишнината од кодификацијата на Македонскиот литературен јазик.

“Денеска присуствував на Свечената академија која се одржа во МАНУ по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, а под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

Кодификацијата на македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, историски врзана со АСНОМ и со решенијата од 1944 и 1945 година, кога беа поставени стандардите на азбуката и правописот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, тој е наше културно обележје, мост меѓу генерациите и симбол на националното достоинство.

Имаме должност да го чуваме, негуваме и пренесуваме понатаму. Без него, не постоиме ни ние како Македонци. Да го славиме, да го зборуваме, да го живееме!”

-напиша на социјалните мрежи министерот Тошковски во врска со овој настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace