Една од историски најважните одлуки на поранешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ која остави особено позитивен ефект на развојот на Брегалничкиот Регион беше формирањето на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.
Денес овој универзитет со својата работа е мотор на развојот на Штип, на регионот но и пошироко во државата во секаков општествен контекст.
Универзитетот „Гоце Делчев“ денес опфаќа 12 факултети од областа на општествените, природните, медицинските и техничките науки, како и 3 академии од областа на уметноста, кои се организирани во 4 кампуси.
На факултетите и академиите активни се повеќе од 70 студиски програми од прв и интегриран прв и втор циклус на студии, како и 80 магистерски и професионални специјалистички програми и 32 акредитирани програми за докторски студии.
Во рамки на Универзитетот Гоце Делчев во Штип работат
- Музичка академија
- Ликовна академија
- Филмска академија
- Факултет за природни и технички науки
- Факултет за информатика
- Земјоделски факултет
- Машински факултет
- Електротехнички факултет
- Технолошко-технички факултет
- Факултет за медицински науки
- Економски факултет
- Правен факултет
- Факултет за туризам и бизнис логистика
- Факултет за образовни науки
- Филолошки факултет
- Воена академија „Генерал Михаило Апостолски” (придружна членка)
Актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Премиерот Мицкоски оваа пракса ја продолжува но со уште пожестоко темпо во чии рамки се предвидени историски значајни проекти кои што ќе остават забележителен траен белег во животот на граѓаните на овој простор.
Помеѓу останатите мноштво проекти во рамки на реализацијата на одредбите од Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство се наоѓа и проектот за изградба и воспоставување на нов медицински факултет во Штип. Покрај новиот факултет кој што овозможи развој на најсовремени стандарди од областа на медицинските науки и создавање на нови квалитетни медицински кадри, во контекст на новиот факултет ќе биде изграден и нов студентски дом во Штип што ќе овозможи уште поголем раст на целокупните општествени активности во Штип а пред се раздвижување на економијата со нова додадена вредност.
Ваквиот развој на Штип по себе ќе потегне развој на целокупната економија за наредните децении не само во Штип туку и пошироко во државата.
Реализацијата на проектот за изградба и воспоставување на нов Медицински факултет во Штип со нов студентски дом е од историско значење и во областа на образованието за што и самата Министерка за образование и наука Весна Јаневска целосно е посветена и вклучена со целосен кредибилитет и напори за реализација на зацртаните цели. Таа е дел од високата владина делегација која што во Лондон го потпиша Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство од каде што упати своја порака за значењето на овој историски чин во делот на образованието во Македонија:
“Потпишан е договорот со Велика Британија, кој меѓу другото предвидува и капитални инфраструктурни проекти во областа на образованието. Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе добие модерен објект за потребите на Медицинскиот факултет и нов студентски дом!
Просториите на медицинскиот факултет во моментов се наоѓаат на различни локации и тоа го отежнува функционирањето. На 5000 квадратни метри ќе се изгради нов објект со современа техничко – технолошка опрема и лаборатории кои ќе ги користат професорите и студентите за практична настава, но и за научно – истражувачки цели во корист на пациентите.
Повеќекратни се добивките од оваа инвестиција – се подобрува образовниот процес на студентите по медицина, се унапредува грижата за јавното здравје и се стимулира научната дејност.
Македонија одбира забрзано да се развива!”
-напиша на социјалните мрежи Министерката за образование и наука Весна Јаневска.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): За Димитар Поп Георгиев Беровски
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право