Во соопштение упатено до јавноста од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани ја алармираат јавноста за лицемерие на в.д. градоначалникот Венко Крстевски во врска со неговите ставови и обиди да си препише политички заслуги за реализација на значаен проект кој што беше инициран и конципиран од страна на неговиот претходник од ВМРО-ДПМНЕ.
“Проект што се поздравува од функцијата в.д., не беше така силно поддржан од функцијата советник– јавноста заслужува вистина.”
-алармираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани.
“СПА-комплексот е важна инвестиција за општината, но се реализира врз основа на подготовки и визија на претходниот тим, а не на актуелниот в.д. Градоначалник.
Со вчерашната објава за јавно наддавање за продажба на државно земјиште за изградба на СПА-комплекс, в.д. Градоначалникот формално ја спроведува постапката за реализација на проект од големо значење за локалниот економски развој. Тоа е за поздравување – но и за потсетување.
Имено, подготовката на проектот, урбанистичкото планирање, одлуките за пренамена и создавањето на услови за оваа инвестиција се резултат на долг процес воден од претходната администрација, стручните служби и советниците што ја поддржуваа иницијативата. Во таа фаза, актуелниот в.д. Градоначалник не покажа отворена поддршка, туку напротив, настапуваше скептично во однос на оправданоста на проектот, што е документирано и преку неговите променливо ставови во Советот на оваа тема. Неговото презентирање на проектот како сопствен успех отвора прашања за политичка и морална доследност.
Дополнително отвара и морални дилеми и прашања дали дел од новооткриената мотивација на в.д. градоначалникот е од лукративна природа?! Сметаме дека е важно јавноста да биде точно информирана за потеклото и текот на важните локални проекти. Граѓаните имаат право да знаат кој вложи визија, труд и одговорност, а кој само формално се појавува во финалната фаза. Нашата партија останува посветена на развојни проекти и ќе продолжи да работи транспарентно, со јасна визија и без потреба од присвојување на туѓ труд.
Општината може и мора подобро – со чесност, отчетност и континуитет,”
-стои во реакцијата на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот Совет на Кочани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание