БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Стаменкоска Трајкоска: Демографската рецесија е факт, работиме на економските мерки, но потребна е целосна промена на сфаќањата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конфереција од партиското седиште пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ во Македонското собрание Бети Стаменкоска Трајкоска зборуваше за лишата демографска состојба во Македонија која е резултат на повеќедецениски игнорантски однос кон овој проблем од егзистенцијално значење на државата.

“Демографската рецесија е факт, работиме на економските мерки, но потребна е целосна промена на сфаќањата.

Македонија се соочува со невидена демографска криза. Последната деценија, наталитетот опаѓа, морталитетот расте. Поедноставно кажано, Македонија тивко исчезнува.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во 2016 година сме имале 23.000 новородени. Во 2024 година само 16.737. Тоа се 9.000 помалку во една деценија. Тоа е исто како од мапата на државата да го снемало Валандово, Крушево, Богданци, Сопиште, Македонски брод, Зелениково или Дојран.

Тенденцијата повеќе од деценија е запрапастувачка, и потребни се итни чекори за промена.

И не да се седи на страна како СДС, не знаејќи и не сакајќи да се реши проблемот, економијата опаѓаше, граѓаните живееја со 150 денари на ден, народот беше доведен до питачки стап, а иселувањето ниту се намали, ниту пак имаа решение за истото.

Единствено што решија и се залагаа, беше корупцијата, мешање во судството, тендери и договори во 4 очи, за ним блиски. СДС се занимаваше само за своите лични и партиски интереси.

За да почнеме да го решаваме проблемот, потребно е пред се да бидеме свесни за него. Затоа ВМРО-ДПМНЕ отвора јавма дебата, за да ја пробуди свеста и свесноста кај секоја една единка во државата.

Откако сите ќе станеме свесни, мораме да продолжиме да работиме на создавање на општествена свест.

А во текот на целиот тој процес Владата и општините треба да делуваат стимулативно низ разни закони, мерки и програми, за помагање и зголемување на наталитетот.

Првиот чекор е направен,”

-рече денеска на прес конференцијата пратеничката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од прес центарот на партијата.

Креирано од:


Пренеси го гласот