БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Во комуникација сме со европратеници кои се спротивставуваат на обидот за бришење на Македонски јазик и идентитет во европарламентот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска при посетата на реконструираниот мост во Башино село, велешко, Премиерот на Македонската Влада Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање зборуваше за претстојното гласање во Европскиот Парламент за резолуцијата која се однесува на Македонија во која што одредени европратеници сакаат да го избришат постоењето на Македонски јазик и идентитет.

Голем број на европратеници нема да го гласаат амандманот со кој се брише македонски идентитет и македонски јазик од Извештајот на Томас Вајц,

-изјави денеска премиерот на  Христијан Мицкоски пред јавноста.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Има голем број на пратеници кои што се членови на ЕП и кои што се јавуваат и кажуват дека нема да гласаат за тој амандман кој што ќе го поднесе некој, а кој што има за цел на талибански начин од Извештајот кој што е на маса за прв пат од осамостојувањето на нашата земја да опфати македонски идентитет и макаедонски јазик, тие нема да гласаат за да се избришат истите од Извештајот бидејќи до сега никогаш не се појавиле македонски идентитет и македонски јазик. Во изминатите 34 години независност, така што нивната цел е таа. Практично, оние што се известувачи во сенка исто така не верувам дека ќе го поддржат тој амандман, изјави Мицкоски.

Авантурата од 2022 година, инспирирана од Османи, а поддржана од Ковачевски и Маричиќ ја добива својата кулминација и граѓаните можат да видат за што станува збор, вели премиерот.

-Жалам што еве во 21 век во Европа има и такви пратеници во ЕП кој што треба да биде лулка на демократијата, каде што ќе се почитуват човековите права, идентитетот на еден малуброен народ во Европа, неговиот мајчин јазик нема да биде предмет на сопнување, но ете за жал постојат и такви луѓе. Но она кое што е важно е дека онаа авантура во 2022 година, пред се инспирирана од Бујар Османи, а поддржана од политички незнајковци како што се Ковачевски и Маричиќ ете ја добива својата кулминација и граѓаните можат да видат за што станува збор, рече премиерот Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот