На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на с.Зубовце, Кумановско, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд.
Се работи за учесници на Европскиот Младински Олимписки Фестивал, кој се одржува во Македонија и кои на сопствена иницијатива се подготвувале за денешната велосипедска трка, движејќи се по регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кој пат не е во агендата за тренинг, во временски период од 10.00 до 13.00 часот.
Од страна на полицијата е обезбедена траса на движење за тренинг од пред ресторан Фемили во населба Карпош по стар пат за Крива Паланка, потоа на местото викано Света Петка лево по регионален пат Куманово до граничен премин Пелинце до меморијален центар АСНОМ, на оваа делница сообраќајот за возила и пешаци во вррменскиот период беше во целост блокиран. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу: Реновираните операциони сали се значаен исчекор во унапредување на здравствената инфраструктура во ГОБ „8 Септември“
SPAR го отвори првиот INTERSPAR маркет во Македонија и официјално влезе на домашниот пазар
Одржан онлајн состанок со претставници на Европската комисија за Реформската агенда и Планот за раст