БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Крстевски на средба со Иван Георгиев – еден од најнаградуваните средношколци од Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски оствари средба со Иван Георгиев, средношколец во СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани, кој минатата учебна година се врати со три државни награди од натпреварите по програмирање, физика и англиски јазик, беше пофален на Македонската олимпијада по информатика и се најде во 25-те средношколци – топ математичари на UltiMATH.

– Георгиев е еден од младите амбасадори на Кочани, кои со знаење чекорат напред и се пример што треба да го следат новите генерации.  Разговаравме за неговите интереси и амбиции во натамошното образование и му подарив врамена слика од фриз од Споменикот на слободата во Кочани. Тоа вообичаено е подарок за дипломатските претставници, а целта ми е да го мотивирам за следни успеси и да упатам јасна порака за поддршка на младите – рече  в. д. градоначалникот Крстевски по средбата со Георгиев.

Иван Георгиев истакна дека е посебно радосен што со освоените награди влијае и на рејтингот на училиштето каде што се образува.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот