БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владата СДСМ-ДУИ реализирала само една активност од 24 мерки и 56 активности од акцискиот план на стратегијата за транспарентност

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На последната седница на Владата, по предлог на заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи, беа усвоени важни одлуки за зајакнување на транспарентноста и отчетноста на државните институции.

Според анализата на спроведувањето на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, координирана од кабинетот на вицепремиерот Фетаи, произлегува дека претходната влада СДСМ-ДУИ реализирала само една активност од 24 мерки и 56 активности предвидени во акцискиот план на стратегијата.

Со денешните одлуки, Владата го задолжи работното тело за спроведување на Стратегијата за транспарентност 2023–2026 во рок од 7 дена да подготви измени на акцискиот план, со утврдување нови рокови и надлежни институции за реализација на активностите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Меѓу преземените мерки, се издвојуваат три:
•    Министерствата и органите на државната управа во рок од 45 дена ќе ги објават сите информации од одговорените барања за пристап до информации од јавен карактер, анонимизирани, почнувајќи од 24 јуни 2024 година.
•    Органите на државната управа кои немаат веб-страници, ќе ги креираат во рок од 90 дена.
•    Министерствата и другите државни органи ќе ги објават на своите веб-страници внатрешните постапки за јавни набавки.
Институционалната транспарентност е врвен приоритет на оваа Влада. Ќе продолжиме да ја третираме оваа прашање со максимална сериозност, со цел да изградиме отворена и отчетна администрација кон граѓаните.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace