БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова се имињата на нови 16 кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната редовна седница избра уште 16 кандадати за градоначалници за претстојните локални избори.

За кандадат за градоначалник на општина Сопиште е избран Јане Мицески, за Кичево Александар Јованоски, за Крива Паланка Оливер Алексовски, за Маврово и Ростуше Омер Јакупоски, за Кривогаштани Сашо Ронковски, за Шуто Оризари Ерџан Демир, за Крушево Нико Чонески, за Валандово Ѓоко Камчев, за Виница Митко Костадиновски, за Демир Хисар Никола Недоски, за Чешиново Облешево Јордан Костадинов, за Радовиш Љупчо Почиганец, за Чашка Дејан Андоновски, за Прилеп Дејан Проданоски, за Струмица  Петар Јанков, за Неготино Благој Ацев. За Кисела Вода, како што рече генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, се уште траат анкетите и во најбрзо време ќе биде одлучено кој ќе биде кандидат. 

-Во Куманово и Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалицискиот партнер ЗНАМ. Убедени сме во способноста на секој избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите област и сектори на работа. Секој кандидат е почитуван како индивидуа во населеното место од кое доаѓа. Важат за искрени, честити и работливи луѓе кои си го одржуваат дадениот збор и кои ќе бидат вистински татковци на градот, изјави генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски по седницата на Извршниот комитет.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Извршниот комитет, како што кажа, врз основа на внатрепартиските анализи и сондажи заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ оди на уште една историска победа на претстојните локалните избори.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace