Министерот за култура и туризам во Македонската влада Зоран Љутков денеска присуствуваше на седницата на интервладиното работно тело на која се дискутираше за првиот столб од Планот за развој на Западен балкан преку економска интеграција со единствениот пазар на ЕУ
Во врска со оваа седница Министерот Љутков упати своја порака во јавноста:
“Денес присуствував на Седницата за првиот столб од Планот за раст за Западен Балкан – економска интеграција со единствениот пазар на ЕУ.
Туризмот е сектор со најголем потенцијал да го намали трговскиот дефицит преку создавање поволни услови за инвестиции и развој на квалитетен туристички производ.
Министерството работи на нови мерки за зголемување на конкурентноста, рамномерен регионален развој и усогласување со европските стандарди.
Нашата цел е туризмот да стане двигател на економскиот раст и препознатлива вредност на Македонија.”
-стои во соопштението упатено во јавноста од страна на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист