БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Одбележување на 7 и 8 септември во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, в.д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, со членови од Советот на Општината, делегации од Сојузот на Здружението на борците од НОВ како и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.

Во пресрет на двата празника, в.д. градоначалникот упати честитка кон граѓаните во која се вели:

„На овие два датуми, кога го одбележуваме ослободувањето на Кочани и независноста на нашата татковина, се потсетуваме на борбите на нашите предци кои оставија траен печат на историјата. Денот на ослободувањето на Кочани и Денот на независноста на Македонија се денови кои нѐ поврзуваат и нѐ потсетуваат на заедничките вредности што ја формираат нашата иднина. Нека истите бидат потсетник за важноста на слободата, единството и стремежот за напредок. Нека ни се честити празниците, 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независна Македонија!“

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот