На патарините ширум Македонија, наплатата ќе се извршува со картички во пост пејд и при пејд , каде со ваквиот начин на наплата се очекува послаб застој на возила и големи колони. Зоран Китанов директорот на Јавното претпријатие за државни патишта изјави дека со почетокот на јули електронскиот систем за наплата на патарините веќе ќе е во употреба.
Јавното претпријатие за државни патишта најави активности и во областа на железничката инфраструктура , каде неколку проекти се веќе готови и се разговара за финансиските средства за да се започне нивно реализирање.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија