БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Солистички Концерт на неверојатната охриѓанка Ивона Базгалоска во Св. Софија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ивона Базгалоска е родена 1999 година во Охрид. Нејзиното патување низ уметноста го започнува на пет годишна возраст.

Првата етапа од музичко образование го завршува во основното музичко училиште ОМУ „Методи Патче“ во Охрид, во класата на професорот Даниел Чуркоски, каде се закитува со титулата првенец на генерација.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Образование го продолжува во средното стручно музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје. Редовно настапува на концерти, учествува на меѓународни и државни натпревари, семинари. Има освоено седум специјални први награди и бројни триумфи на државно и меѓународно ниво. Посебно неверојатна, и со воодушевувачки впечаток кон комисијата и присутните , била на натпреварите во Италија, Србија, Лондон и Њу Јорк.

Има одржано два солистички концерти во Охрид и во Скопје. Исто така има два пати настапено како солист во придружба на Македонската филхармонија.

На 22.06.2018 година (петок) , во Св.Софија, со почеток во 19 часот, Ивона ќе одржи солистички концерт-пијано рецитал во рамки на концертните активности под водство на проф. д-р Нина Костова Јаневска и под менторство на врвните руски педагози проф. Борис Романов и проф. Људмила Романова. Ве очекуваме да уживаме во раскошот на талентот,убавината и младоста.

Креирано од:


Пренеси го гласот