Високи членови на Демократската Унија за интеграција се незадоволни од решението во договорот со Грција со кое се предвидува во графата за националност да стои Македонско/ Граѓани на Република Северна Македонија, изјавија за expres.mk извори во партијата.
Партиски структури сметаат дека во договорот морало да стои јасно зборот Албанска и како трета опција граѓани на РСМ. Во контекст на ова прашање, ДУИ ќе оддржи неколку состаноци со членството, како и состаноци со СДСМ. Освен за националноста во ДУИ има незадоволни и од решението во договорот со кое се предвидува „официјалниот јазик на РСМ да биде Македонски“ а не и Албански како што е предвидено со законот за јазици. Дел од планот е по промената на Претседателот на државата , изборите идната година на пролет, во сила да влезе законот за јазиците.
Во договорот со Грција да се вметнат јасни и прецизни членови и ставови со кои Албанците јасно ќе се одвојат од останатите мали етнички заедници.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието