БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Со грчките власти разговаравме за модернизација на патиштата и подобро со поврзување со граничните премини, ќе се скрати патувањето кон Солун и Атина

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонските граѓани во наредните години, многу полесно ќе се упатуваат кон туристичките центри во соседна Грција и значително ќе се намали времето на патување од Скопје до Атина, истакна во синоќешното гостување во “Клик Плус”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој информираше дека на средбите со грчките власти во Атина бил информиран дека Грција ќе гради автопатско поврзување со гранични премини Меџитлија и Богородица.

“ Една од темите кои што ги разговарав со министерот за транспорт и инфраструктура, беше токму тоа. Добив две важни информации. Првата е дека веќе активно работат на изградба на автопат од Кожани до Лерин и до граничниот премин Ники или кај нас Меџитлија. Така што сакаат да изградат автопат на Коридорот 10 д. Имајќи во предвид дека ние веќе градиме автопат од Прилеп до Битола, а и дека го пуштивме експресниот пат Градско-Дреново-Фариш, а во моментов работиме на подготовки за продолжување од Фариш до Прилеп, тоа значи дека за неколку години Коридорот 10 -д целосно ќе се изгради и сегашните 8 часа патување од Скопје до Атина, ќе се намалат на 5 до 5 и половина часа, што многу ќе ги доближи двата града. Во однос на поврзувањето од Гевгелија до Солун, исто така работат на проектирање и очекуваат следната или после таа година, да почнат активно да работат, имајќи во предвид дека сега ја завршуваат целокупната обиколница над Солун и од тука планираат продолжување до границата со Македонија, истакна Николоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот