БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Mора да се бориме за целосна рамноправност меѓу жените и мажите, што ВМРО-ДПМНЕ во Делчево на силен начин го докажуваме

Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” Иван Гоцевски денеска на покана на граѓанскиот сектор имаше свое обраќање пред присутните релевантни чинители за развојот и предизвиците со кои се соочува текстилната индустрија во Источниот регион а особено во Штип и во Делчево.

Пред присутните Иван Гоцевски кој што доаѓа од приватниот сектор како успешен менаџер во компанија која на најубав начин ги чувствува економските прилики во државата, се обрати со своите принципи и залагања за воспоставување на уште поголема рамноправност меѓу родовите во Македонија што е од исклучителна важност за развојот на целокупното општество.

“Денес имав чест да се обратам пред присутните граѓански активисти, колеги и целокупната јавност на настан кој што задира длабоко во корените на успешното менаџирање на јавните политики на регионално и локално ниво во нашиот Источен регион.

На покана на надлежните координатори од граѓанската организација “Гласен Текстилец” од Штип имав свое излагање во рамки на Регионалната конференција: „Родово одговорно буџетирање во Источниот регион“ во Штип.

Мојата дискусија се однесуваше на моите заложби во рамки на целокупниот мој општествен ангажман поврзан со креирањето на модерни и ефикасни институционални механизми за воспоставување на неприкосновена рамноправност меѓу мажите и жените во сите сфери на нашата локална заедница.

Истакнав дека со личен пример секој од нас како политички чинители мора да се бориме за целосна рамноправност меѓу жените и мажите, што ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во Делчево на силен начин го докажуваме.

За првпат во нашиот политички плурализам Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” има 7 жени на овие локални избори што е своевиден доказ за нашите настојувања за подигање на улогата на жените во нашата локална заедница.

Навистина значаен настан со исклучителна важност преку кој заедно со голем број релевантни соговорници на оваа тема го подигнавме нивото на комуникација за ова значајно општествено прашање со целокупната јавност.

Убеден сум дека оваа пракса и во иднина ќе продолжи да се реализира со уште поголемо темпо,”

-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски кој во рамки на актуелните Локални избори трча во трката за градоначалник на Делчево, од која што позиција во претстојниот 4 годишен мандат ќе има можност да ги докаже своите политички заложби за воспоставувањето на повисока рамноправност меѓу мажите и жените.

На настанот кој што беше во организација на граѓанската организација “Гласен Текстилец” во Штип покрај Иван Гоцевски од Делчево денеска се обратија и актуелниот градоначалник на Штип Иван Јорданов, Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, Заменик Министерот Марјан Ѓорчев како и останати релевантни општествени чинители во оваа сфера.

Креирано од:


Пренеси го гласот