БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Честит 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Потпретседателот на Владата, Александар Николоски ја предводеше владината делегација заедно со министерот за локална самоуправа Златко Пирински и заменик министерката за животна средина Ане Лашкоска, кои положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто, споменикот на Кузман Јосифовски Питу, споменикот Жена борец и пред Могилата на непобедените во Прилеп.

Во својата порака по повод празникот 11 Октомври, Денот на востанието, тој изјави: 

” Да се биде денеска во Прилеп, на одбележувањето на почетокот на антифашистичкото востание, е настан кој што целосно ја промени Македонија и регионот. Почетокот на Народноослободителната борба, со којашто конечно македонскиот народ, на еден дел од територијата на Македонија успеа да добие своја држава, тогаш во рамките на Федеративна Југославија, а од 1991 година и самостојна држава, што беше сон и копнеж на многу генерации.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Овој ден треба и да не’ потсети зошто го славиме. Не смееме да заборавиме зошто беше кренато востанието, против кого беше кренато и против чија идеологија беше кренато востанието. Јасно е дека Македонија беше под окупација, а не под администрација, јасно е дека имаше силна Народноослободителна борба, а не идеолошка борба помеѓу левичари и десничари и помеѓу комунисти и ројалисти, туку јасна национална борба на македонскиот народ за народноослободување. Не случајно партизанските одреди ги носеа имињата на илинденците и на врвните дејци на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, така што 11. Октомври е континуитет на 2. Август, ако го немаше 2. Август, немаше да го има ниту 11. Октомври, а ако го немаше 11.Октомври, немаше да го има 8. Септември 1991 година. 

Мора многу, многу јасно овие работи да ги кажуваме, македонскиот народ има свој историско-политички континуитет и јасна културолошка и јазична посебност, која што сега е негирана, особено од нашиот источен сосед, нешто на кое треба остро да се спротивставиме и да држиме до она што се основни принципи на македонската државност. Го честитам празникот, посакувам на сите жители и граѓани во Македонија убав празник и да не заборават зошто го славиме и како треба да го славиме” – изјави Николоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace