Социјалните мрежи во изминатиот период беа преплавени со фотографии од купишта со ѓубре низ градот Делчево и руралните населени места.
Бесот на делчевчани е огромен, затоа што улиците на секој агол се затрупани со ѓубре кое што не само што ја загрозува животната средина и претставува опасност за здравјето на делчевчани, туку веќе стана и физичка препрека преку која граѓаните мораат да скокаат за да се движат до своите секојдневни одредишта.
За надминување на ваквата неподнослива состојба во помош на граѓаните на општина Делчево пристапиле општинските служби од Пехчево кои со свои комунални возила го собирале сметот од улиците во Делчево.
Според информациите кои ги добивме комунални служби од Пехчево собирале комунален смет во Делчево како помош и превенција против појава на болести и епидемија од натрупаното ѓубре што претставува потег за благодарност во функција на јавниот интерес.
На што се доведе Делчево, Пехчево да праќа камиони да собираат ѓубре по делчевските улици!!!!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во Етнокуќата во Кочани – изложба на рачни изработки со ткаење
44 годишна жена од Берово нападнала своја сограѓанка во нејзиниот дом
Тројца жители на с. Црник, пехчевско со трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во шумското подрачно стопанство “Равна Река”