БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Преку 9 милиони евра поддршка од Владата за Гостивар за реконструкција и изградба за улици

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од Владата имаме директна подршка за општина Гостивар од некаде 540 милиони денари или над 9 милиони евра за улици во општината во рамки на двата повици, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Гостивар.

Тој заедно со министерот за здравство Азир Алиу извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат со подршка на Владата. 

“Драго ми е што проектот за подршка на локaлната самоуправа се одвива одлично и драго ми е што можам да кажам дека имаме сериозна подршка за општина Гостивар.  Имено во првиот повик кој се реализираше минатaта година, вкупната подршка е 160 милиони денари за транспорт, дел од таа подршка е и оваа улица Мара Угринова која дел е завршена, дел се работи. Исто така во вториот повик имаме 39 улици или подршка од 380 милиони денари или заедно имаме подршка од некаде 540 милиони денари или над 9 милиони евра,  директна подршка за општина Гостивар. Дополнително сакам да најавам дека по завршување на локaлните избори и извесната победа на кандидатот од ВЛЕН- нашиот коалиционен партнер, за општина Гостивар ќе има специјална програма која ќе оди преку Министерството за транспорт за реализација на проекти кои се подготвени веднаш да ги реализираме”-изјави вицепремиерот Николоски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace