Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски заедно со својата сопруга вчера вечер присуствуаше на спектакуларниот концерт на Ансамблот “Македонија” кој што се одржа во Спомен домот АСНОМ во Делчево.
Во врска со неговите впечатоци од настанот Градоначалникот Гоцевски ја истакна високата професионалност и уметнички сензибилитет на членовите на ансамблот кој што со својот настап ги плени срцата на делчевчани.
“Вчера вечер имав посебна привилегија да бидам дел од преубавиот музичко-сценски настан организиран од нашата НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево.
Концертната сала во Спомен домот АСНОМ беше претесна да ги собере љубителите на традицијата, фолклорот и преубавите музички композиции кои повеќе од еден час ги пленија вниманието и срцата на присутните сограѓани.
А целокупниот музичко-сценски спектакл на сцената беше приказна сама за себе, која не може да се пренесе со зборови, треба да се доживее. Високата професионалност и уметничка креација на Ансамблот “Македонија” изнуди силни аплаузи и овации на нозе на сите присутни граѓани, кои посакуваа овој фолклорен настан да трае.
Наша должност е нашата традиција да ја етаблираме на највисоко можно ниво со што ќе ја оствари својата улога во современието кое го живееме.
#МакедонскиИдентитет#Традиција#Фолклор#НастаниЗаГраѓаните“
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа