БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Авиокомпаниите веќе ја таргетираат Македонија како атрактивна дестинација, политиките на Владата дадода резултати, годинава планираме над 3,5 милиони патници

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Политиките што ги работиме во ависообраќајот носат сериозни резултати. Воведовме 24 нови авиолини кон европските центри, забележивме преку 3,3 милиони патници, за годинава планираме бројка над 3, 5 милиони патници и тоа што за мене е важно е тоа што авиокомпаниите воведуваат летови без да бараат субвенции што значи дека ја препознаа Македонија како атрактивна дестинација, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на започнувањето со реконстркуција и надградбата на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

“Имаме експанзијата на летови која со поддршка на претседателот на Владата, Мицкоски, успеавме да воведиме нова политика на привлекување на нови дестинации преку една политика на субвенционирање која што беше прилагодена на новите потреби на новото време и резултатите ги имаме во две насоки. Првата насока е дека имаме 24 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром откако е избрана оваа влада и втората, за мене исто толку значајно е дека веќе почнуваат да се отварат дестинации без субвенции, што значи дека политиката на не носи во ситуација да авиокомпаниите отворат дестинации и без да бараат субвенција. Така што многу зборува за развојот на авиособраќајот, а најдобар доказ за тоа е дека минатата година помина само скопскиот аеродром со 3 милиони патници, вкупно некаде над 3 милиони и 350 илјади. Оваа година очекувам над 3,5 милиони на двата аеродроми, а веќе следната година ќе таргетираме над 4 милиони патници на двата аеродроми” – изјави  вицепремиерот Николоски.  

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace