БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Алиу: Нов апарат дексаскен на Клиниката ТОАРИЛУЦ во Мајчин дом – ја зајакнуваме дијагностиката на остеопорозата како сериозен јавноздравствен предизвик

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ги посети просториите на Клиниката ТОАРИЛУЦ во Мајчин дом, каде е обезбеден нов најсовремен апарат дексаскен, наменет за навремена дијагностика и следењето на остеопороза.

-Пуштањето во употреба на новиот дексаскен во Мајчин Дом претставува значаен чекор во зајакнувањето на капацитетите на јавното здравство, особено во делот на дијагностиката на остеопорозата како сериозен јавноздравствен предизвик. Остеопорозата е состојба која, доколку не се открие навреме, може да доведе до тешки последици за пациентите, и токму затоа раната и прецизна дијагностика е суштински важна. Особено е важно што станува збор за апарат со пошироки дијагностички можности, кој ќе овозможи не само навремено откривање и следење на пациентите со остеопороза, туку и примена кај деца, проценка на вертебрални фрактури, како и кај пациенти со ендопротеза на колк, појасни министерот Алиу.

Средствата се обезбедени со заедничка координација на Клиниката, Фондот за здравствено осигурување, Владата и Министерството за здравство, а паралелно со набавката на апаратот е извршено и целосно реновирање на просторот, со што се унапредени условите за обезбедување квалитетни здравствени услуги.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace