Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски денеска имаше свое обраќање на конференцијата на Советот на Германско-Македонската стопанска комора која се одржа во Скопје.
Од таму тој упати повеќе свои пораки во врска со етаблираната соработка меѓу Македонија и Германија, како и значењето на ваквата соработка во контекст на развојот и деловните можности за соработка меѓу стопанството на двете држави.
“Денеска се одржа Советот на Германско-Македонската стопанска комора, на кој имав свое обраќање.
Нашата цел е јасна, да изградиме модерна, ефикасна и конкурентна економија која ќе биде интегрирана во европските синџири на вредност и ќе создава можности за домашните компании, за младите луѓе и за идните генерации.
Германија за нас претставува повеќе од економски партнер. Таа е симбол на индустриска моќ, технолошки развој, дисциплина, иновации и стабилен економски модел кој со децении создава вредност и напредок.
Нашата порака е јасна: Сакаме да бидеме сигурен партнер, стабилна економија и држава која ги препознава и поддржува иновациите, технологијата и претприемништвото.
Затоа, денес од Скопје испраќаме порака дека иднината не ја чекаме, ја создаваме, со партнерство, со знаење, со технологија, со доверба.
И со јасна визија за модерна европска Македонија!”
-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски во врска со оваа конференција.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации
Апасиев: Фрлете им ја медицината на кучињата, таа и онака веќе не е за сиромашните
„Обој го Кочани“ – креативна дружба со уметникот Пучо и Европската Унија