На 12.05.2026 во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б.(50) од с.Соколарци, општина Чешиново – Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, односно при пад од висина. Поради сериозноста на повредите В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно лекување. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршиле увидна екипа на ОВР Кочани во содејство со инспектор за безбедност и здравје при работа и инспектор за работни односи.
Работник пострадал при извршување на работни задачи за фирма од Кочани
DCIM100MEDIADJI_0212.JPG


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани
36 годишен жител на делчевското селo Габрово го нарушувал јавниот ред и мир во кафеана а потоа физички нападнал полицаец
29 годишен жител од Кочани физички ја нападнат неговата сопруга