БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Со браќата Битов за македонските работи и промоција на Македонија на светската сцена

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Заменик претседателот на Владата Александар Николоски оствари значајни средби со Џон и Јордан Битов, како и со Марко Мендасино, поранешен министер, член на Парламентот на Канада и член на Владата и на својот фејсбук профил објави: 

“Прекрасни средби со претставници на Македонија 2025 и нивни блиски соработници.

Пријателите на Македонија отсекогаш биле важен столб во поддршкaта и развој на нашата држава.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во рамки на Самитот „Македонија 2025“ остварив значајна средба со нашите долгогодишни пријатели на Македонија, Џон и Јордан Битов сопственик на најголемиот дневен весник во Канада „Toronto Star“, како и со Марко Мендасино, поранешен министер, член на Парламентот на Канада и член на Владата.

Семејството Битов игра водечка улога во нашата дијаспора, заслужни се за многу успеси на Македонија од самостојноста до денес.

Разговаравме за економските политики на Македонија, размена на знаење, употреба на дигитални технологии, поддршка за образованието, здравството и институциите.

Со заедничка работа и партнерство, Македонија може побрзо да напредува и да стане посилна и поконкурентна држава” објави вицепремиерот.

Министерство за транспорт

Креирано од:


Пренеси го гласот